Екранот кој доаѓа од компанијата Apple веќе некое време е причина за дискусија, бидејќи е немилосрдно копиран, т.е. се појавува во рамките на се поголем број на Android телефони. Се започна со моделот Leagoo S9 минатата година, а сега е тука и Noa N10, кој со засекот во горниот дел на дисплејот се приклучи во семејството iPhone клонови.

Смартфонот, исто така, многу личи на iPhone X, но има и прилично добри спецификации. Го напојува батерија од 3.600 mAh, поседува 64 GB интерна меморија која може да се прошири со microSD картичка, а одзади има две камери од 16 мегапиксели и сензор за отисок на прстот. Уредот доби octa-core MediaTek MT 6763 процесор и 4GB RAM меморија. Резолуцијата на 6,2-инчниот екран изнесува 2160х1080 пиксели.

Овој модел пристигнува со Android 8.0 Oreo оперативниот систем, се очекува да чини околу 300 евра, а екпертите очекуваат во текот на оваа година да се појават уште клонови на iPhone X. Noa N10 ќе биде претставен во текот на Mobile World Congress во Барселона, што ќе почне на 26. февруари.

Извор: Klix.ba