По две години доминација на компанијата Samsung, во текот на 2019. година се случи смена на врвот на табелата на производители на чипови (според истражувањето на компанијата Gartner).

Врвот повторно го презема Intel, кој на чело на листата беше во текот на две децении, пред периодот помеѓу 2017. и 2018. година, кога титулата на водечки производител ја презема Samsung. Причина за враќање на Intel на челната позиција е намалувањето на пазарот на мемориски чипови и фактот дека Intel е многу поангажиран од Samsung на пазарот на процесори.

Пазарот на чипови во текот на 2019. година генерираше 418,3 милијарди американски долари, од кои 65,793 милијарди му припаѓаат на Intel, a 52,214 на компанијата Samsung. Што се однесува до самиот пазар на чипови, забележен е пад од 11,9 проценти на годишно ниво, при што пазарот на мемориски чипови забележа пад од 31,5 отсто, со намалување на приходите од 37,5 проценти.

Девет од десет производители во текот на 2019. година забележале пад на приходите. Исклучок од тоа правило е компанијата Toshiba, додека Intel забележа пад на приходите од 0,7 отсто, приходите на Qualcomm паднаа за 12 проценти, на Samsung за дури 29,1 отсто, а на SK Hynix за 38%.

Gartner за 2020. година предвидува раст на пазарот, поради испразнување на залихите на RAM во магацините, што ќе доведе и до раст на цената на RAM меморијата, со што може да се очекува враќање на Samsung на врвот на листата на производители на процесори.