Според најновите гласини, кои пристигнуваат од неименуваните производители на делови, Apple во мај ќе го објави iPhone SE 2, иако не е сигурно дека телефонот ќе го носи споменатото име.

Новиот уред би требало да го има Apple A10 Fusion процесорот, кој дебитираше на iPhone 7 и 7 Plus моделите од 2016. година. Оригиналниот iPhone SE имаше А9 процесор. Се сугерира и дека Apple ќе го изостави 3.5 милиметарскиот приклучок за слушалки од овој модел.

Предната страна на уредот не би требало да се разликува од оригиналниот SE модел, со Touch ID сензор под екранот (телефонот нема да има Face ID, ниту засек на врвот на екранот). Постои шанса да се имплементира заден дел од стакло и поддршка за Qi безжичното полнење, но ова не е сигурно.

Се на се, iPhone SE 2 би требало да биде минимална надградба во однос на сегашниот најдостапен смартфон на Apple.