Додека другите производители претставуваа смартфони со стерео звучници, Samsung во своите модели не ја имплементираше оваа опција. Се сугерираше дека Galaxy S8 би можел да има стерео звучници, но тоа не се случи. Сега истото се претпоставува и за претстојниот Galaxy S9 модел.

Во твитот на Ice Universe, од кого во минатото пристигнуваа точни информации, се сугерира дека Galaxy S9 и S9+ телефоните конечно ќе ја имплементираат оваа функција. Дури е објавена и фотографија со наводна силуета на Galaxy S9, со индикација за стерео звучници.

Дали оваа информација ќе стане вистина, останува да се види. Не би претставувало изненадување доколку Samsung конечно се одлучи на сместување на стерео звучници, а колку ефективни би биле овие звучници, ќе дознаеме доколку бидат имплементирани.