Google неодамна објави неколку позадини за телефони на делот од својот инстаграм-профил за т.н. кориснички приказни (stories), а еден детаљ им го привлече вниманието на љубителите на технологија. Иако сите објавени слики беа интересни, една предизвика особено внимание.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Имено, на таа слика беа претставени сладоледи на стапче (на англиски, Popsicle), поради што многумина веруваат дека тоа е јасен показател дека ова ќе биде името на новата верзија на оперативниот систем за паметни телефони (Android P).

Инаку, Google секоја нова верзија на оперативниот систем ја именува со буква од англиската азбука и за новото ажурирање на ред е буквата P. Покрај ова, секоја официјална верзија на Android добива и име на некој десерт што почнува на соодветната буква.

Се разбира, објавената слика може да биде и наведување на погрешна трага. Инаку, новата верзија на оперативниот систем Android би требало да биде претставена во август, доколку се земе предвид досегашната тенденција на компанијата, новите ажурирања да ги објавува кон крајот на летото.