Американските власти купуваат и користат алатки како GrayKey за да ги отклучат ајфоните. Овие алатки овозможуваат пристап до содржината на шифрираните уреди што биле користени при извршување разни злосторства и криминал.

GrayKey е прилчично скапа алатка, а производителот не гарантира колку долго ќе работи. Алатката се заснова на безбедносните мани на iOS, кои му се познати само на произведувачот, а Apple во секој момент би можел да го реши тој проблем. Сепак, на органите на власта и на агенциите им се исплати ризикот од користењето на GrayKey.

Неколку органи на власта од различни држави во САД веќе инвестираа во GrayKey, а други, меѓу кои и тајните служби, планираат да ја купат.

GrayKey многу брзо стана најпознатиот легален инструмент за отклучување на ајфоните. Тој е изработен од страна на компанијата „Грејшифт“, каде што меѓу вработените има и поранешни работници на Apple.

Постојат две верзии на инструментот. Едната чини 15.000 долари и може да се користи само 300 пати и мора да биде поврзана на серверот на „Грејшифт“ преку мрежата на која првпат е приспособена. Верзијата од 30.000 долари може да отклучи неограничен број телефони, може да се користи на која било мрежа и не бара поврзување со „Грејшифт“.

Двете верзии работат така што ги надминуваат ограничувањата во врска со тоа колку пати може да се внесе лозинката во телефонот и колку брзо. Кога телефоните ќе се поврзат на GrayKey, системот ја испробува секоја можна лозинка за пристап додека не ја погоди вистинската. Тоа може да трае неколку часа или неколку дена.

Apple е посветен на заштитата на приватноста на своите купувачи и компанијата без сомнение го истражува безбедносниот пропуст.