Група астрономи од Франција, Германија и Швајцарија која ги проучувала дијамантите пронајдени во метеоритот Ал-Махат ал-Сита, заклучила дека тој најверојнатно бил дел од уништена протопланета. Студијта деновиве се најде на страниците на магазинот, Nature Communications .
Во октомври 2008 година, астероидот TS3 експлодира во атмосферата. Неговите фрагменти летнаа низ песоците на пустината Нуба во северен Судан. Вкупно, беа собрани околу педесет фрагменти, кои беа комбинирани во збирка наречена Ал- Махат ал-Сита.
Астрономите кои работеа на анализа на примероците, велат дека макотрпните истражувања покажале дека некои нечистотии содржани во овие дијаманти може да се формираат само при ултра висок притисок, поголем од 20 гигапаскали. Ова покажува дека кристалите се зголемиле во некое големо небеско тело и не настанале како резултат на судир со Земјата.
Научниците сугерираат дека мртвата протопланета била формирана милијарди години порано и била со големина на Марс или Меркур.