Apple почна со сеопфатно чистење минатата година и се уште не е готов. Од App Store исчезнуваат стотина апликации кои не им одговараат на прописите. Apple пробува да го подобри корисничкото искуство со отстранување на лажни апликации.

Во App Store има мноштво апликации. На годинашниот WWDC не беше откриен нивниот точен број, но претпоставуваме дека ги има помеѓу 2,5 и 3 милиони, што е навистина многу. Ако земеме во предвид дека Apple постави сериозни насоки за апликациите дозволени во App Store. Развојните програмери треба да задоволат долга листа на услови за да смеат да ги постават своите дела.

Модераторите на App Store почнаа да ја проверуваат неговата содржина минатата година, а ги бараат оние апликации кои не им одговараат на зададените рамки и кои не ги пратат насоките. Им објавија „војна“ и почнаа да ги чистат. Најголем престап е користење на шаблони. Иако оние апликации што се изработени онлајн, со DIY програмите за креирање, во правило не можат да бидат поставени во продавницата, постојат начини итрите програмери да ги заобиколат правилата. Но, нивните дела не можат да очекуваат долг животен век.

Апликацијата може да биде отстранета ако се работи за копија или дупликат. Популарните игри кои создаваат зависност, како 2048 и Flappy Bird, се копирани неброено многу пати, само со ситни модификации. Дури и ако секој стоти или илјадити корисник ги преземе по грешка, тоа се исплати – како и спам апликации, допуштаат бесплатно преземање на авторските содржини. Нив ги ловат и модераторите на Google Play.