Израелските археолози пронашле остатоци од речиси 200.000 години стари човечки коски од вилица во планината Кармел, предвидувајќи дека тоа откритие ќе промени се што знаеме за еволуцијата.

Пронајдените коски чија старост од 177.000 до 194.000 години сугерира дека Хомо сапиенс веќе ја напуштил Африка преку Блискиот исток и го населил остатокот од светот, во време кога според поранешните истражувања, се мислеше дека луѓето се уште ги правеле своите први еволуциони чекори околу своето постоење.

„Ова е навистина нешто поинакво“, изјави археологот Мина Еврон од Универзитетот во Хаифи.

Еврон објаснува дека горната лева коска од вилицата со осум добро зачувани заби била пронајдена уште во 2002 година во една пештера.

На Меѓународниот тим од повеќе од 30 експерти, вклучувајќи и палеотолози од Шпанија, Кина и други земји, им биле потребни толку многу години за проучување на тоа откритие, со цел да се утврди точната старост на коските, бидејќи се коси со се што досега сме знаеле за човечката еволуција, смета Еврон.

Неодамна поголемиот дел од научниците се сложуваа дека првиот модерен Хомо Сапиенс најпрво се појавил пред 200.000 години во источна Африка, судејќи според остатоци пронајде во Етиопија во текот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век.

200,000 BP. Scientists discover oldest known modern human fossil outside of Africa https://buff.ly/2ndETfb

Posted by Kathleen O'Neal Gear & W. Michael Gear on Четврток, 25 јануари 2018

Според генетското истражување тие предци на луѓето од Африка излегле меѓу 70.000 до 60.000 години, повремено мешајќи се со Неандерталците, додека се ширеле по светот.

Сега, меѓутоа се чини дека Хомо сапиенс се развил многу порано од тоа што се мислеше досега, напуштајќи ја Африка во повеќе бранови.

„Оној момент кога ќе кажете дека постои Хомо сапиенс во Израел пред 170.000 до 200.000 години, одеднаш сите делови од сложувалката почнуваат да се склопуваат“, изјави професорот Хершковиќ, главен научник во магазинот Science.

Извор: B92.net