Производителот TCL од Кина, кој стои и зад брендовите Alcatel и BlackBerry, развива цело семејство производи со флексибилен екран. Едицијата содржи слики од пет уреди со различна конструкција. Првите два, на прв поглед, спаѓаат во категоријата на таблети. Следат два паметни телефони, а најинтересен уред е последниот, кој е хибрид меѓу паметен телефон и паметен часовник што ќе може да се носи на рака.

Претходно компанијата веќе соопшти дека има намера да го пушти на пазарот првиот флексибилен уред во 2020 година. Засега не е познато кои од моделите на сликата први ќе се појават во продавниците.

Интересно е да се отбелжи дека смарфонот „белегзија“ многу потсетува на сличен концепт на Lenovo, претставен во 2016 година.