Стивен Хокинг е познат по своите револуционерни дела, а неговите теории објаснуваат како нашата вселена функционира. Но, некои од неговите прогнози за иднината на човештвото и Земјата се прилично песимистички.

Генетски модифицираните вакцини ќе доведат до драматични промени

Стивен Хокинг сметаше дека една од најголемите закани за човештвото не доаѓа од вселената туку од тоа што луѓето го создаваат. Научниците ги проучуваат генетски модифицираните вируси и ги користат за лечење на болести, но открија и други можни примени. На пример, истражувачите кои создадоа вирус кој може да убие клетки на ракот, исто така открија дека може да ја намали и потребата за пиење алкохол, така што влијае на невроните кои го контролираат однесувањето на зависниците.

Вонземјаните ќе дојдат на нашата планета

Хокинг веруваше дека постојат и други облици на живот во вселената и дека не се пријателски настроени. Според него, нашата вселена е само една од многуте одделни вселени.

Вселената не е вечна

Во своето последно дело “А Smooth Exit from Eternal Inflаtion” (Елегантен излез од вечното ширење) довршено две недели пред да умре, Хокинг предвидува дека нашата вселена на крај ќе избледе до темнина, бидејќи ѕвездите ќе останат без енергија. Затоа, според неговото мислење, мораме да отидеме до други вселени доколку сакаме да преживееме.

Роботи ќе ги заменат луѓето

Иако неговиот живот беше зависен од вештачката интелигенција, тој воопшто не и веруваше. Еднаш кажа дека тоа би можело да биде најлошиот изум во историјата на нашата цивилизација, бидејќи може да ги замени луѓето. И покрај нејзините благодети, предупреди дека понатамошниот развој на ваквата технологија би можел да биде кобна грешка доколку не сме свесни за ризиците кои може да ни ги донесе.

„Кога луѓето развиваат вештачка интелигенција, таа ќе се осамостои и ќе се редизајнира самата на друг начин”, сметаше Хокинг.

Нуклеарното оружје ќе ја уништи човечката популација

Според Хокинг, агресијата и ирационалното однесување се човечки особини од кои треба да се ослободиме. Со развојот на воената технологија и оружјата за масовно уништување, може да дојде до катастрофални последици кои би значеле крај на светот каков што го познаваме.

Ќе мораме да најдеме друга планета за живот

Имаме рок од 100 години, сметаше Хокинг, за да најдеме идеална планета за живот, инаку ќе умреме бидејќи нашата планета ја има достигнато точката од која нема враќање. За да се спасиме од проблемите како огромниот раст на популацијата, загадувањето, уништувањето на шумите, мораме да станеме мултипланетарен вид и да пронајдеме нови светови.

Некои од иеалните планети и небесни тела се Месечината, Марс, Церес, Европа – месечината на Јупитер, најголемата месечина на Сатурн – Титан и Кеплер-452б кој кружи околу ѕвезда како Сонцето на 1.400 светлосни години од нас и изгледа како нашата планета.

Земјата ќе се претвори во огнена топка

Хокинг сметаше дека нашата планета во наредните 600 години ќе стане вжештена огнена топка. Поради пренаселеност, потрошувачката на енергија ќе ја загрее планетата и човечкиот вид ќе изумре. Глобалното затоплување би можело да ја направи Земјата слична на Венера, каде просечната температура е околу 250 степени, а брзината на ветровите до 100 метри во секунда.