На кинеските сајтови се појавија нови рендери на OnePlus 6. Идниот предводник на OnePlus ќе биде претставен сосема наскоро, а од компанијата веќе објавија дека тој ќе биде со исечен дисплеј. Освен тоа, потврден е чипсетот Snapdragon 845, кој ќе биде комбиниран со 8GB RAM и 256GB вградена меморија. Речиси сигурно е дека, сепак, се нудат и варијанти со други конфигурации на оперативната меморија и онаа за апликации.
Интересно во новите рендери е дека се гледа и задниот панел на телефонот. Тој е изработен од заоблено стакло, а натписот OnePlus e црвен и во трите бои на уредот, кои се бела, црна и сина. Во црвено е и специјалното копче кое овозможува брзо префрлување помеѓу различните профили на звукот.