Пред одење на далечен пат, многу туристи размислуваат околу безбедноста на авионскиот сообраќај.

Според податоци од минатата година, за тоа нема преголема причина, бидејќи во 2017 година на комерцијалните летови не била забележана ниту една „голема“ несреќа.

Сепак, со напредокот на технологијата се повеќе патници почнува да ги мачи и следново прашање – Дали е возможно да се хакира авион?

Бројот на авиони и летови се повеќе се зголемува, а технологијата од ден на ден станува се „попаметна“. Во однос на тие факти, јасно е дека се повеќе и повеќе се јавува потребата за добри и искусни пилоти.

Сепак, плановите на авиоиндустријата водат кон тоа најпрво да се намали бројот на пилоти во авионите на една личност, а за неколку години, повеќе воопшто да нема никаква потреба за пилот, туку технологијата да биде таа која сама ќе управува со леталата.

„Авионот би можел да лета и без пилоти. Се работи на тоа за пренесување на товарот во авионот да управува само еден пилот, а следен чекор е дефинитивно авион на кому нема да му биде потребен пилот“, објаснува воздухопловниот експерт Дејвид Глив за британските медиуми.

Идејата е секако намалување на трошоците, но и факторите на „човечка грешка“, а веќе и денеска голем дел од тие работи во авионот ги извршува технологијата.

Прашањето кое поради ова ги интересира сите е дали е можно да се хакира авион?

„Во овој момент такво нешто е неизводливо. Дури и кога хакер на било кој начин би влегол во телефонскиот систем на авионот, тој не е поврзан со уредите за летање, така што не постои страв од хакирање“, вели Глив.

Дали тоа ќе стане возможно во иднина, кога авионите ќе станат автономни, тешко е да се каже, но сепак, веројатноста за тоа, според овој британски експерт, речиси е никаква.