Кинеската влада вчера ги забрани сите интернет продажби на христијанската Библија, беше објавено вчера во New York Times. На кинеските интернет продажни места веќе не може да се најде Библијата, откако вчера тие се ослободија од сите залихи.
Продажбата на Библијата е и понатаму дозволена во црковните книжарници, како и во приватните книжарници насекаде низ земјата.
Интернет цензурата на книги не е нешто невообичаено за Кина, па затоа Западните сили ја нарекоа „Големиот ѕид за забрана на Кина“. Оваа одлука на владата на Кина е тесно поврзана со тензијата која ја има помеѓу оваа земја и Ватикан, кој строго се противи на комунизмот.
Библијата е единственото свето писмо кое е забрането за продажба преку интернет, додека светите книги на останатите религии се и понатаму достапни за купување. Според New York Times, оваа реформа на претседателот Чи Јинпинг се должи на обидот да направи од Кина држава која ги негува традиционалните вредности и да го намали влијанието на христијанството и Западот.
Новата измена во кинескиот закон му дозволува на Чи Јинпинг да биде доживотен претседател, па тој сега сака да ја измени Кина во велесила, но по негов вкус. Освен интернет продавачите, кинеската влада има право и да ја надгледува и изменува работата на странските компании во земјата.