Елон Маск е одлучен во намерата да го унапреди светот со помош на технологијата, без разлика на се.

Тој е одлучен да го истражи Сончевиот систем и да оствари патување до Марс, а речиси е пред крај со изградбата на огромна соларна батерија која снабдува со струја добар дел од Австралија, кој претходно имаше огромни маки со електрична енергија.

Сепак, постои една работа во која не сака да инвестира ниту тој самиот, но ни остатокот од светот, а тоа е вештачката интелигенција.

Од секогаш имаше став дека вештачката интелигенција е поопасна од нуклеарното оружје, а сега изнесе уште едно свое интересно мислење на оваа тема.

Имено, Маск се појавува во новиот документарец на режисерот Крис Пејн, „Do you trust this computer“, во кој се истражуваат потенцијалните опасности, кои вештачката интелигенција би можела да му ги донесе на светот.

Маск инсистира дека секој вид на вештачка интелигенција кој би го создала некоја влада, автоматски би станал „бесмртен диктатор од кој никогаш не можете да побегнете“.

„Тоа е многу важна тема. Ќе влијае на нашите животи на начин на кој моментално не можеме ниту да си го замислиме“, вели тој.