Агенцијата Euro NCAP објави листа на најбезбедни атомобили по класи за изминатата година, а најмногу причини за задоволство има токму Volkswagen.

Во текот на изминатата година, Euro NCAP подложи речиси 70 автомобили на краш-тестовите – некои останаа непрепознатливи, а некои се покажаа како исклучително безбедни.

Најдобри резултати во своите класи оствариле дури три модели на Volkswagen. Така, Polo се смета за најбезбеден автомобил во категоријата супермини, T-Roc е најдобро мало off-road возило, а Arteon се покажа како најбезбедна лимузина во изминатата година.

Volvo и понатаму останува синоним за безбедност, бидејќи неговиот модел XC60 е најбезбедниот голем SUV модел, но и најдобро оценет модел во целокупната конкуренција.

Титулата за најбезбеден универзален модел оди во рацете на Opel за моделот Crossland X, а Subaru XV и Subaru Impreza се најбезбедните мали фамилијарни автомобили.