Брендон Вотсон, поранешен директор на одделот за развој на Windows за паметни телефони во Microsoft, раскажа за причините за неуспехот, а потоа и за исчезнувањето на оваа платформа од пазарот.

Откритијата беа објавени на Twitter страницата на менаџерот. Тој обрнува внимание на еден пост на корисник кој го дели ставот дека мобилната верзија на Windows доживеала неуспех, поради недостатокот на верзии на многу популарни апликации.

Вотсон не се согласува со слично тврдење. Тој смета дека причината не се апликациите, туку недостатокот на поддршка од оператори и производители. Односно, Microsoft разви оперативен систем (на почетокот беше наречен Windows Phone, а потоа и Windows 10 Mobile), а провајдерите ги пуштале уредите на принципот на „остаток“, т.е. најинтересните модели биле продавани со Android додека тие од „втора класа“ – со Windows.

Операторите не покажале желба да продаваат модели базирани на Windows, трошејќи ги нивните буџети за маркетинг на iPhone и Android паметните телефони.

Се разбира, меѓу коментарите има и други мислења. Многу луѓе не веруваат дека целата вина лежи на операторите и провајдерите. Причините за неуспехот на Windows Phone треба да се бараат и кај Microsoft, која така и не успеа да понуди доволно удобна и добро смислена мобилна платформа, осбено во однос на своите конкуренти.

Потсетуваме дека во есента минатата година Џо Белфиоре, заменик претседател во Microsoft, кој управуваше се одделот за развој на оперативни системи, официјално соопшти дека Windows Phone практично е „мртов“. Меѓу причините за неуспехот на платформата, тој самиот го посочи недостатокот на апликации.

Microsoft го објави својот последен паметен телефон со Windows 10 пред околу две години. Партнерите на корпорацијата од Редмонд, веќе не нудат такви уреди.