Boston Dynamics иако е веќе неколку години во фокусот, сепак не е единствената компанија која што развива роботи од најнова генерација. Тоа го докажува роботот Cheetah 3 кој е резултат на повеќегодишната работа на MIT експертите.

Имено, од MIT објавија видео на кое што може да се види дека нивниот нов робот Cheetah 3 е прилично флексибилен, прави големи скокови и може да ги надмине сите пречки на отворен простор. Роботот прави скокови кои што изгледаат интуитивно, односно како да се резултат на прецизно размислување, а не функции на сензори и камери.

Сепак, можеби најимпресивно е тоа што креаторите на Cheetah 3 создале функции благодарение на кои роботот не мора да се фокусира само на визуелниот приказ на просторот, со што придонесуваат хардверските подобрувања кои што овозможуваат роботот да се движи „на слепо“.

Tоа е овозможено преку низа алгоритми врз чија основа роботот може да детектира препреки и да одреди која количина на сила треба да ја употреби при секое движење.

Креаторите велат дека роботите кои што се потпираат само на визуелното се прилично бавни и не можат да се движат во услови без светлина. Токму поради тоа што „може да гледа во темнина“, роботот Cheetah 3 ќе може да се користи во услови на отежнато движење, за опасни и тешки работи како што се инспекции во нуклеарни електрани и акции за спасување при некоја катастрофа.

Извор: PC Press