Во сабота вечерта небото над Боцвана го осветли метеор, а потоа падна. Интересно е што метеорот беше забележан само неколку часа порано.

Како што пренесува „Gizmodo“, метеорот со ширина од два метра го лоцирале научниците од Catalinia Sky Survey во Аризона, но не можеле со сигурност да ја одредат точката на паѓање, само предупредиле дека ќе биде некаде во Африка.

Инаку, НАСА следи 90 отсто од објектите со пречник над 150 метри, но и помали како овој метеор. Во атмосферата влегол со брзина од 61.000 км/ч, а во Земјата удрил во 18.49 часот по локално време.

Погледнете како тоа изгледаше.

Извор: B92.net