Тоа беше првото руско вселенско лансирање годинава.

Комуникациските сателити на британската компанија OneWeb во орбитата ги постави руска ракета-носач „Сојуз-2.1б”. Потврдено е успешното одвојување на сите 34 сателити од погонскиот блок „Фрегата”. Тие се поставени на планираните орбити, се наведува во соопштението на „Роскосмос“.

Ракетата „Сојуз“ стартуваше во 00:42 часот по московско време од Бајконур. 10 минути подоцна погонскиот блок „Фрегата” со вселенските апарати се одвои од третиот степен на ракетата на суборбиталната траекторија. Поставувањето на сателитот на саканата орбита на висина од 450 километри е реализирано со помош на две вклучвуање на моторите на „Фрегата“. Се наведува дека апаратите OneWeb се одвојувале во групи од по два или четири сателита.

Кон крајот на декември беше најавено дека во 2020 година Русија планира да реализира повеќе од 40 вселенски лансирања од космодромите „Бајконур”, „Восточни”, „Плесецк” и „Куру”.

Извор: Russia Beyond