Апликацијата Google Maps наскоро ќе биде достапна во верзија која на корисниците на паметни телефони ќе им овозможи да го дознаат просечното време на чекање за слободна маса во повеќе од еден милион ресторани ширум светот, се вели во соопштение издадено од групацијата Alphabet.

Иако листата на ресторани за кои оваа опција ќе биде овозможена сè уште не се открива, се знае дека ќе бидат вклучени најпопуларните ресторани во сите поголеми градови.

Така корисниците ќе бидат во можност да видат кога ќе оброк во омилениот ресторан ќе им треба еден час (или повеќе) односно кога има најмала гужва.

Од компанијата најавуваат уште една интересна функција. Наскоро, со помош на нивната апликација, ќе биде можно да се добијат корисни информации поврзани со јавниот превоз во поголемите градови низ светот.

Слични информации веќе нуди конкурентската апликација Citymapper кој засега е достапна само во Париз, Њујорк, Хонг Конг, Тајван, Лос Анџелес, Њу Делхи, Москва, Сингапур, Мадрид, Барселона, Киев и Будимпешта.