Технолошкиот гигант Apple секогаш работи на нови пронајдоци, а еден од нив е iPhone кој се превиткува, кој треба да биде претставен во наредните две години, тврди CNBC. Apple на овој уред работи заедно со азиски партнери изгледот на новиот iPhone ќе биде комплетно редизајниран.

Плановите се во блиска иднина, односно во наредните две години, Apple да произведе телефон кој се превиткува и е еластичен, со што би можел да стане првиот производител на кого му успеал ваков потег.

„Очекуваме новиот iPhone кој ќе излезе годинава да биде неизменет кога е во прашање изгледот, иако историските примери ни покажуваат дека промената на големината влијае кај купувачите. Нашите извори исто така велат дека Apple работат на нов телефон, дел од серијата на iPhone, кој ќе се превиткува и во целост може да се користи како таблет-тетратка. Ваквиот производ би требало да излезе на пазарот до 2020 година“, вели Вамси Мохан, сениор аналитичар во Bank of America.

Корејските медиуми велат дека Apple потпишал договорот за партнерство со LG, со цел токму LG да ги произведува екраните за телефоните кои се превиткуваат.

Досега Lenovo и Samsung претставија слични идеи, но досега на пазарот не се појави уред кој ја има оваа карактеристика. Ако се споредат патентните и технолошките напредоци на Apple, може со сигурност да се каже дека iPhone на превиткување е следниот чекор во напредокот на оваа производствена линија.