Во кинеската Nubia имаат добро оправдување за таквото „претерување“.

Паметните телефони во денешно време имаат работна меморија колку и десктоп компјутерите. И сосема добро се снаоѓаат со неа. Поголем дел од смартфоните функционираат беспрекорно со 4 GB RAM, додека оние со 6 GB RAM во категоријата high end уреди, се повеќе исклучок отколку правило. Но, на некои корисници (а и производители), тоа очигледно не им е доволно.

Еден од нив е кинеската Nubia. Нивниот нов Nubia Red Magic Mars паметен телефон пристигнува со импресивни 10 GB RAM меморија, а од Nubia ова „претерување“ го оправдуваат со тоа што на своите корисници сакаат да им овозможат беспрекорно гејминг искуство.

Големата работна меморија не е единствениот адут на овој уред. Го покренува Qualcomm Snapdragon 845 процесорот, а за да нема прегревање на хардверот, телефонот има посебен систем на ладење, заснован на испарување.

Смартфонот го одликува LCD екран со резолуција 2160 x 1080 пиксели, дополнителен мотор за уште погласни и подинамични вибрации и стерео звучници кои би можеле да ги вознемират дури и соседите.

За разлика од најновите премиум телефони, Red Magic Mars пристигнува со само една камера на задната страна која што има 16 мегапиксели, додека на предната страна е поставена селфи камерата од 8 мегапиксели. Овој телефон ќе биде пуштен во продажба на кинескиот пазар на 7. декември, а најмоќниот модел со 10 GB RAM и 256 GB интерна меморија ќе чини околу 500 евра.

Извор: Zimo.hr