Ако мислевте дека 8К телевизорите се најдобро нешто, тогаш кинематографот Фил Холанд ќе ви го промени мислењето со неговото ново видео од Њујорк снимено во 12К резолуција.

Холанд користејќи три RED Weapon Monstro 8K VistaVision камери наместени странично и позиционирани на специјални сталаци наречени Shotover K1 Hammerhead успеа да направи 12К видео, со 48 слики во секунда, и секоја слика еквивалентна на квалитет од 100 мегапиксели.

Холанд често работи со RED, но ова беше прв пат да ја користи новата Monstro 8K VistaVision.

„На креативно ниво знаев дека ќе биде добро, феноменална боја, динамичен дострел и многу чисти сенки. Ова ја прави камерата да работи совршено при слабо светло и ноќно време”, напиша Холанд на неговиот блог.

Тој избра да користи Tokina’s 35mm T1.5 леќи заради нивниот добар перфоманс во слабо светло.

Како и да е, снимајќи со три камери од хеликоптер има технички предизвици, а еден од најважните е стабилизирањето на камерата. K1 Hammerhead има шест подвижни оски што ја стабилизираат камерата. Исто така во пост продукција треба да се спојат видеата од трите камери за да изгледа како да е снимано од една.