Додека повеќето производители на суперавтомобили се во трка кој ќе го понуди првиот модел што ќе работи само на струја, McLaren обива да биде дел од тој свет.

Ferrari, Lamborghini и Porsche веќе најавија дека прават електрични суперавтомобили, но Британците, како по обичај, остануваат верни на традицијата.

„Искрено, не знам многу на таа тема, не сум баш упатен. Јас сум традиционалист. Го сакам звукот на моторите на писта. Формула Е нема да го понуди тоа“, рече директорот за глобална продажба на McLaren Џолјон Неш.

McLaren моментално работи на хибриден суперавтомобил со три седишта што ќе го наследи P1 и најавува дека половина од произведените возила во наредните неколку години ќе бидат хибридни, но нема место за целосно електричен суперавтомобил.

„Додека технологијата не се развие доволно и за моќност и за доимет, сметам дека нема да има возбудлив суперавтомобил само на струја. Уште не сме сигурни како ќе функционира тоа“, додаде Неш кој лично користи електричен BMW i3.

Додека другите „бркаат“ намалување на времето на забрзување од 0 до 100 км/ч, измислување подив дизајн и поставување рекордно време на тркачките патеки, McLaren останува верен на моторите со внатрешно согорување.