Конечно го знаеме датумот кога Apple ќе го претстави новиот OLED iPhone и моделот 7s

Текстот на поканата воопшто не е нејасен: „Let’s meet at our place.” („Да се најдеме на нашето место”). Датумот е следниот: 12. Септември, 2017, 19:00 часот. Презентацијата за прв пат ќе се одржи Стив Џобс Театар веднаш до Apple Park.

Што можеме да очекуваме да видиме? Во случајот на iPhone 7s и 7s Plus, стаклен дизајн од задната страна со отстранети антени, подобра камера, A11 процесор и индуктивно полнење.

Нема да пристигне само iPhone 7s, туку и најголемата надградба уште од првиот iPhone, iPhone со OLED дисплеј од ѕид до ѕид, за кој знаеме скоро сè, но сепак не можеме да дочекаме Apple да го прикаже во целата негова светлина. За што ќе се користи дополнителниот простор на екранот? Што ќе се случи со Touch ID? Ќе имаме ли совршено функционално препознавање на лице? Колку ќе чини? Кога ќе можеме да го купиме? За што ќе биде способна камерата? И најмногу од сè, какво ќе биде името?