Научници од Универзитетот во Бингамнтон тврдат дека три особени од личноста на човекот се исклучително значајни во одговор на прашањето: Кои луѓе се зависни од социјални мрежи?
Како што стои во студијата, одредени особини на личноста влијаат на зависноста од дрога или алкохол, но и на развивање зависност од социјални мрежи. Во рамките на неодамнешната научна работа, експертите интервјуирале околу 300 студенти. Со помош на прашалници, тие сакаа да го одредат типот на личноста на учесниците и да го оценат нивото на зависност од социјалните мрежи.
Резултатите покажале дека три особини на личноста – невротичност (степен на стрес на кој луѓето ги чувствуваат негативните емоции – стрес или анксиозност), интегритет и добронамерност, се особини кои се тесно поврзани со зависноста од социјалните мрежи.
Научниците велат дека невротичноста и тенденцијата да се доживеат негативни емоции (стрес или анксиозност) го зголемуваат ризикот од зависност од социјалните мрежи. Совесноста (наклонетоста кон самоконтрола, како и силната желба да се постигнат специфични цели), напротив, го намалуваат ризикот од појава на зависност од социјални мрежи.
Но, авторите забележуваат дека кога ги проучувале овие особини заедно, се појавиле интересни детали. Дури и луѓето со високо ниво на совесност се загрозени од појавата на зависност од социјалните мрежи, ако тие исто така имаат и висок степен на невротичност.
Можеби ова се должи на фактот што високото ниво на стрес и анксиозност може да влијае или дури и да ја потисне контролата на лицето за тоа како тој ги користи социјалните мрежи.
Исто така, научниците открија дека особината на добронамерност, сама по себе не влијае на зависноста од социјалните мрежи. Но, работите се менуваат кога таа ќе се искомбинира со совесноста.
Поврзани артикли