Американскиот министер за трговија Вилбур Рос изјави денеска дека американската влада ќе ја продолжи привремената лиценца на Huawei за уште 90 дена, дозволувајќи и на кинеската компанија да купува делови од американски производители за да може да ги сервисира постојните клиенти.

Huawei добива продолжен грејс период и покрај тоа што скоро 50 нејзини филијали се додадени на американската економска црна листа, пренесе агенцијата „Ројтерс“.