Alienware на саемот CES во Лас Вегас претстави гејмерски монитор со 55-инчен OLED Ultra HD панел на компанијата LG со фреквенција на освежување од 120 Hz и варијабилен refresh rate.

Лотото на Alienware е осветлено со помош на LED RGB осветлување, а постои и дополнително LED RGB осветлување во облик на хоризонтална линија на мониторот, кое се синхронизира во склад со содржината која моментно се проектира на екранот (тоа може да се измени во поставките).

Горната страна на мониторот е многу тенка, додека долната страна е подебела поради вградената електроника. Фреквенцијата на освежување на мониторот е 120 Hz, а содржи и таканаречен варијабилен refresh rate кој помага во отстранување на дефектите како што се “tearing” и “stuttering”.

Се истакнува и поддршката за технологиите FreeSync и G-Sync. Тука е и поддршката за HDR и 98-процентната поддршка за DCI-P3 спектарот на бои. Alienware не објави кога, ни по која цена, овој монитор ќе го пласира на пазарот, но тоа секако ќе биде во текот на оваа година, по одредените ригорозни тестирања.