Официјално лице на Microsoft потврди дека играта Senua’s Saga: Hellblade 2 ќе биде објавен за PC и претстојната Xbox Series X конзола.

Генералниот менаџер на Xbox Games маркетинг, Арон Гринберг во твит истакна дека играта ексклузивно се креира за новата конзола на Microsoft и за PC. Иако имаше најави дека играта би можела да пристигне на персоналните компјутери, досега немаше јавни потврди дека тоа навистина и ќе се случи.

Senua’s Saga: Hellblade 2 е наследник на Hellblade: Senua’s Sacrifice igre, а најавена е овој месец во текот на The Game Awards манифестацијата. Програмерот Ninja Theory не објави премногу детали за играта, но се знае дека во прашање е продолжение, дека има многу поголем буџет и подобра продукција од претходникот.

Senua’s Saga: Hellblade 2 моментно нема официјален датум на објава.