Aналитичарот Хорас Дедје се обидел да го пресмета просечниот животен век на најпопуларниот производ на Apple – смартфонот IPhone. Врз основа на вкупната продажба и колку активни уреди има во моментов, тој открил дека досега 750 милиони производи на Apple веќе се пензионирани.
Од добиените податоци за работата на компанијата, аналитичарот проценува дека според анализата на бројките од есента 2013 година, па досега, просечниот животен век на уредот на Apple е 4,3 години.
Според аналитичарот, оваа времетраење се зголемило со времето, откако пред две години Apple објави дека очекува неговите производи да издржуваат најмалку по 3 години. Интересно е да се знае дали бројот на пензионирани уреди е ист за сите групи, или некои производи траат подолго од другите. Така на пример, веројатноста да користите еден ист iPhone над 4 години е скоро никаква, но е добро познато дека една од причините за слабиот раст на продажбата на iPad е тоа што корисниците ги користат подолго време.