Нова услуга на интернет гигантот Google им овозможува на љубителите на музиката да го покажат креативниот потенцијал. Song Maker е наменета за компонирање на музика и веќе е достапна во целиот свет, од било кој уред.

На прв поглед, музичката услуга изгледа едноставна и забавна, но Google истакнува дека тоа е амбициозен проект со големи можности за компонирање на музика. Неколку алатки се достапни за корисниците, вклучително и синтисајзер, пијано, ударни инструменти и друго.

Song Maker, исто така, поддржува микрофон, со цел додавање глас кон музика. Творецот може да ја сподели композицијата за преслушување со пријателите, по што услугата создава линк кон неа.

Song Maker е потполно бесплатна услуга и за работа со неа не е потребен профил. Досега, сепак, не е поддржана способноста за симнување на креираната музика.