Кај најновиот MacBook Pro, американската компанија Apple го постави Touch Bar дисплејот – станува збор за мал OLED дисплеј кој што ги замени физичките копчиња на врвот на тастатурата.
Сепак, Apple се чини дека размислува наскоро да примени многу порадикално решение, а тоа е цел OLED екран наместо тастатура. Барем така открива најновиот патент на Apple на кој што може да се види лаптоп со два екрани, а замислени се две верзии на финалниот производ кој што доколку заживее, ќе биде вистинска револуција кај лаптопите.
Едната верзија е најблиска до актуелните MacBook лаптопи затоа што станува збор за еден уред составен од два екрани, додека на другиот се гледа како на местото на тастатурата е поставен дисплеј.
Патентот опишува употреба на поларизатор за да се намали рефлексијата од едниот екран на другиот. Дали од овој патент ќе се развие еден сосема нов уред на Apple, времето сигурно ќе покаже.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли