На официјалната Instagram страница на Samsung се појави фотографија која го прикажува претстојниот Galaxy S21 FE телефон во виолетова варијанта.

Се очекува Samsung да го промовира и таргетира овој модел кон помладата публика, имајќи предвид дека се очекува да има премиум карактеристики по цена која не е превисока.

Како и неговите претходници од S21 серијата, Galaxy S21 FE ќе има три камери на задната страна. Претходните гласини сугерираа дека ќе има главна камера од 12MP, ултраширока од 12MP и телефото сензор од 8MP. Од предната страна се очекува селфи камера од 32MP.

Некои од главните карактеристики на Galaxy S21 FE телефонот вклучуваат Snapdragon 888 чипсет и поддршка за 5G од старт.