Зимските олимписки игри во Пјонгчанг се прогласени за Игри со примена на најдобра технологија и иновации до сега. Тоа е своевиден предизвик за следниот организатор на Игрите во 2020 година – Токио.
Маса Такаја, портпарол на Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Токио, изјави дека Игрите во 2020 година ќе бидат најиновативниот во историјата. Многумина настанот во Пјонгчанг го одредија како најдобро технолошки поддржаниот досега, поради тоа што беше употребен и како поле за тестирање на најголемата 5G мрежа до сега. Покрај тоа голем број на компании лансираа нови технолошки решенија токму таму, како на пример контролираните 1200 дрона на отворањето на игрите на Intel, широкопојаниот видео стриминг и виртуелната реалност.
Сега, Јапонците се убедени дека можат да направат уште подобар настан за две години, од технолошка гледна точка. Миаки Сузуки, претседател на Cisco за азиско-пацифичкиот регион и Јапонија, вели дека Олимпијадата во Токио во 2020 година “апсолутно” ќе го мине овогодинешните случувања, со оглед на тоа што 8K телевизијата и 5G технологијата “ќе бидат достапни дотогаш”. Cisco е официјален партнер за мрежна опрема на следниот настан.
Ниту тој, ниту останатите не сакаат да говорат за детали, но најавуваат нови технолошки чуда кои светот за првпат ќе ги види во Токио по две години.