Новата листа од емоџи создадена од Unicode конзорциум содржи 117 нови симболи.

Во 2019 година, беа реализирани емоџи кои прикажуваа истополови релации, но истите беа критикувани поради тоа што тогашната листа не го содржеше знамето на трансџендер популацијата.

За разлика од минатата година, во новата листа што ќе биде објавена оваа година тоа знаме ќе биде содржано помеѓу останатите симболи.

Од компанијата која ги изработува овие емоџи додаваат дека во листата се вклучени и мажи во венчан фустан како и дедо мраз со родова неутралност.