Објавена е снимка од второто тестирање на „Stratolaunch“, прототип на најголемиот авион на светот. Раководителот на проектот, Пол Ален, ја објави снимката на која авионот се повози на пистата и беа тестирани моторите и инструментите.
Авионот разви брзина на движење на пистата од 74 км/ч.
„Stratolaunch“ има распон на крилата од 117 метри, долг е 73 метри и тежи 230 тони. Првото тестирање на авионот беше изведено на аеродромот „Мохаве“ во Калифорнија во декември, 2017 година.