Окружното обвинителство на Њујорк и врати на Италија украдени уметнички дела вредни 19 милиони долари. Вратени се вкупно 58 предмети, меѓу кои и мермерната глава на статуата на грчката божица Атина, стара околу 2.200 години и вредна 3 милиони долари.

Осудени разбојници ги продавале украдените предмети на музеи и приватни дилери. Тоа е последниот обид на градот да ја врати ограбената стока во нивната земја на потекло. Само во 2022 година досега се вратени предмети во вредност од 66 милиони долари.

Шефот на одделот за антиквитети на обвинителството вети дека ќе има „уште многу заплени и уште многу репатријации“. Државната безбедност беше дел од истрагата за запленувањето и враќањето во Италија на тие предмети, од кои 21 беа во Metropolitan Museum of Art.

Иако парчињата имаат огромна парична вредност, командантот на италијанската полиција ги опиша како „непроценливи“.

Генералот Роберто Рикарди рече дека се чувствува особено среќен знаејќи дека овие предмети ќе се вратат во заедниците кои ќе знаат „од каде доаѓаме, за нашата историја, за нашиот идентитет“.

Инспекторите со години работеа на пронаоѓање на шверцери на уметнички дела и лоцирање на предмети за да можат да бидат вратени во земјата од која се украдени.

Џакомо Медичи и Џовани Франко Бекина се меѓу осудените разбојници кои користеле мрежа низ Италија за да крадат парчиња од нечувани места, се вели во извештајот на обвинителството.

Група организирана од Медичи украла мермерна глава на Атина од изложба во 1996 година од храм во централна Италија.

Пасквал Камера беше еден од регионалните мафијашки босови кои организираа грабежи на вредна уметност од музеи и цркви од 1960-тите.

Предметите се вели дека на крајот биле увезени во САД каде што му биле продадени на американскиот милијардер Мајкл Стајнхард, кому сега му е забрането да купува антиквитети, откако е докажано дека предметите што ги поседувал биле украдени и нелегално шверцувани.

Стајнхард предаде богатство во вредност од 70 милиони долари во 2021 година како дел од договорот со обвинителите и нема да се соочи со кривична пријава, јавува Би-Би-Си.