Повеќе од 2.000 роботи ќе му се придружат на персоналот на кинеските доставувачки гиганти како што се „Алибаба“ или „Меиутан“ следната година.

Тоа ќе биде четири пати повеќе од сега, истакнаа раководителите на кинските компании, охрабрени од падот на трошоците врзани за производство на роботи.

Милиони курири и натаму вршат испорака на пакети, но компаниите активно истражуваат можност употреба на дронови или роботи уште од 2013 година. Пекинг им нареди на компаниите да обезбедат одмор за куририте, затоа што тие се борат со растот на побарувачката и роковите.

Човечкиот персонал и натаму ќе го надминува бројот на роботи, кои имаат ограничувања како што се качување по скали.