Иако фановите на Samsung со нетрпение го очекуваат претставувањето на новите телефони од серијата Galaxy S9, јужнокорејска компанија во подготовка би можела да има и нов таблет. Уредот би можеле да го видиме за време на претстојниот Мобилен конгрес во Барселона.
Samsung Galaxy Tab S4 (број на модел SM-T835) e таблет од горниот сегмент и се очекува да има 4GB RAM и 64GB простор за складирање податоци. Иако засега не се споменува процесорот, постоењето на „Adreno 540 GPU“ укажува на тоа дека таблетот најверојатно ќе го користи чипсетот „Snapdragon 835“.
На задната страна на таблетот се очекува камера од 12MP, додека на предната страна ќе биде присутна 8MP камера. Нема „NFC“ (Near Field Communications) поддршка, но тука се Wi-Fi и GPS можностите.
Samsung Galaxy Tab S4 ќе има 10.5-инчен дисплеј со 2560 x 1600p резолуција, а за софтверската поддршка ќе биде задолжен „Android 8.0 Oreo“. Tука е и слотот за SIM картичка, што на корисниците ќе им овозможува опција за повици.