Компанијата Razer подготви ограничен модел на лаптоп под името Razer Blade Stealth Quartz, кој има розова боја.

Лаптопот ќе се појави во продажба пред Валентајн, а според зборовите на директорот на Razer, Min-Liang Tan, овој модел ќе им ги “украде срцата” на сите.

Ова не е прв производ на Razer во розова боја, бидејќи компанијата минатата година претстави четири Quartz производи, но оваа година понудата е уште поширока. Тука се Basilisk маусот, Huntsman тастатурата, Kraken headset, Seiren X микрофонот и уште некој уред со розова боја.

Razer не наведува дека се надева дека розовите производи ќе ја привлечат женската популација, но потврдува дека колекцијата е подготвена за празникот Свети Валентајн.

Она што е важно да се наведе е фактот дека нема да има зголемување на цената, па розовите уреди ќе чинат исто како и стандардните модели. Сепак, розовата колекција ќе биде ограничена.

Razer Blade Stealth Quartz ќе чини 1.599 долари, а поседува процесор Intel Core i7-8565U од осмата генерација, 16 GB RAM, 245 GB PCIe SSD меморија, дискретна Nvidia MX 150 GPU и Full HD 13,3-инчен екран со резолуција 1920 х 1080 пиксели.