Физичарот Дејвид Надлингер од Универзитетот во Оксфорд успеа да сними еден позитивно наелектирзиран атом стронцијум во електрично поле.
Атомот е снимен помеѓу две метални електроди, сместени во вакуум на оддалеченост од два милиметри, кои емитувале електрично поле.
Температурата во овој систем била значително намалено за атомот да може да мирува.
За да успее да го забележи атомот преку стаклото, Надлингер во него „испукал“ сноп од ласерска светлост, која што атомот ја примил и емитувал назад, во вид на фотон.
Фотографијата наречена „Атом во јонска замка“ е наградена на конкурсот на британскиот Совет за истражувања на полето на инженерството и физиката.