Facebook, Twitter и Google само делумно одговориле на барањата на Брисел да ја подобрат заштитата на приватноста на корисниците, соопшти Европската комисија.
„Неприфатливо е тоа прашање сеуште да не е завршено и да одзема толку време”, изјави денеска европската комесарка за потрошувачи Вера Јурова.
Сооопштено е и дека социјалните мрежи не им објасниле на соодветен начин на корисниците зошто отстраниле извесна содржина, и дека поради тоа корисниците имаат право да ги исклучат своите профили.
Комисијата пред една година побара од двете компании да ги унапредат мерките кои се однесуваат на подобра заштита на приватноста на корисниците и да ги ускладат со законите од ЕУ.
Поврзани артикли