Поради опасност од пожар, автомобилскиот гигант BMW ќе повлече 230.000 возила ширум светот, опремени со четирицилиндрични дизел мотори.

Целата акција е лансирана минатата година, а сега, откако откриле дека се погодени повеќе возила, го проширија обемот на отповикување.

Проблем е во системот за рециркулација на издувните гасови. Исто така, според британски Express, погодени се поголемиот дел од моделите кој BMW ги произведе во 2018 година, од серија 1 до серија 7, и SUV од X1 до X6. Сите сопственици на возила ќе бидат контактирани, а услугите за репарација ќе бидат бесплатни.

BMW тврди дека ризикот од пожар е минимален, а засегнатите сопственици можат да проверат дали нивниот модел е засегнат со проверка на VIN бројот на официјалната страница на BMW.