Apple неодамна ја заврши изградбата на објектот вреден пет милијарди долари наречен Apple Park. Некои го нарекуваат архитектонска знаменитост, но сепак луѓето кои не се вработени во компанијата нема да можат да влезат во паркот, а Apple не ни размислува за таа опција.
На неодамнешниот состанок на Apple со инвеститорите и акционерите, Тим Кук добил прашање кога луѓето ќе имаат можност да влезат и да го разгледаат новиот Apple Park. Тој им одговорил – никогаш.
“Не можеме да ја отвориме главната зграда за тури затоа што во неа постојат многу доверливи работи. Не го направивме Apple Park за другите луѓе. Мислам дека критиките за оваа одлука се бизарни, но тоа не е направено за вас. Јас знам како работиме, вие не знаете”, изјавил Кук алудирајќи на оние кои биле навредени од оваа одлука.
Се прашувате што е со оние кои имаат состаноци во Apple и мора да ја посетат зградата? Тие ќе имаат дозвола и пристап до одредени простории. Интересно е и тоа што сите фотографии на вработените кои ја фотографирале внатрешноста на зградата се избришани и отстранети од социјалните мрежи.
Но, не дека Apple не мислел и на своите обожаватели – наспроти паркот се наоѓа нов кампус за туристи во кои има продавници, кафуле и други работи посветени на најпознатото јаболко во светот.
Извор: B92.net