Група американски и кинески биохемичари се пофалија дека успешно креирале нано-роботи од ДНК нишки кои можат да ги идентификуваат клетките на ракот и да ги лишат од храна, создавајќи згрутчување на крвта во соседните крвните садови. Биотехнолозите дошле до формула за создавање на нано-“трансформатори” од ДНК насоки и се надеваат дека наскоро истите ќе бидат и здраствено применливи.

„Направивме прв автономен робот од ДНК молекули кој сега многу прецизно може да испорача одредени видови на лекови во туморот. Сличен пристап може да се користи за да се достави лек и до голем број на големи тумори, како и садови кои го хранат“, вели Хао Јан од Универзитетот во Аризона.

Денес, во повеќето експерименти со ДНК нано-роботи, се користи посебна класа методи за нивно составување, кои во научната заедница се познати како “ДНК оригами”. Во оваа техника, основата за било какви детали за биомашините е долгата единствена низа на ДНК, која е вткаена во саканиот тридимензионален објект со помош на кратки “игли” од неколку нуклеотиди.