Samsung ќе го претстави новиот премиум телефон на 25-ти февруари, а се чини дека Galaxy S9 ќе има две работи кои iPhone ги нема – барем не сè уште.
Бројните гласини и објавените фотографии нѝ даваат прилично детална слика за тоа што можеме да очекуваме кога се во прашање Galaxy S9 и S9+, вклучувајќи и дизајн, хардвер и цена – но тоа не значи дека нема да се појави уште некој интересен детаљ.
Всушност, како што поминува времето, деталите стануваат сè поинтересни. Најновите фотографии прикажуваат две работи кои најмногу му недостасуваат на ривалот на Samsung.
На Твитер се појавија фотографии кои го покажуваат еден од најважните додатоци кој Samsung ќе го продава за овој модел – новиот DeX Pad.
https://twitter.com/evleaks/status/961744410970148864?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fhi-tech%2Fmobilni%2F2934574-samsung-galaxy-s9-ce-imati-2-funkcije-koje-iphone-x-nema
Бројните гласини тврдат дека компанијата ќе го замени DeX Dock кој одговара со Galaxy S8 со нов DeX Pad кој ќе им дозволи на корисниците да го претворат својот телефон во маус или тастатура кога тој е во Android PC Mode.
На фотографиите може да се забележи дека тој ќе се поврзува со телефон преку USB-C порт. Трансформацијата на телефонот во десктоп компјутер со помош на единствениот додаток е нешто што iPhone дефинитивно не го поседува.
На втората фотографија се гледа уште една работа кои паметните телефони на Apple не ја поседуваат – 3.5mm порт за слушалки. Ова дефинитивно ќе израдува многу потенцијални купувачи бидејќи со S9 и S9+ ќе можат да ги користат своите стари слушалки, а да не купуваат нови во безжична варијанта.
Извор: Telegraf.rs