Практичен паметен телефон со стил кој има живописен Super AMOLED „бесконечен“ екран

Компанијата Samsung го претстави својот најнов член на Galaxy семејството – паметниот телефон Samsung Galaxy J6. Станува збор за паметен телефон кој е комбинација од импресивен Super AMOLED бесконечен екран, како дел од наследниот дизајн на премиум моделите на Самсунг, со дополнителни практични карактеристики, вклучувајќи го и скенерот за отпечатоци. Сево ова, покрај дополнителните функционалности, го прави овој уред најпрактичен и најстилски претставник од Galaxy J серијата.

Новиот Galaxy J6 пристигнува со навистина исклучителен 5,6 инчен Super AMOLED бесконечен екран (Infinity Display) – заштитен знак на Galaxy паметните телефони, кој претставува спој на висока резолуција и живописни бои. Бесконечниот екран овозможува неверојатно, непрекинато искуство на гледање содржини како во кино, додека богатите бои го прават гледањето на филмови и играњето игри повпечатливо и поудобно. Покрај ова, бесконечниот екран на Galaxy Ј6 од предната страна е надополнет со тенка метална рамка која овозможува елегантен и ергономски дизајн што го прави поиздржлив и поудобен за ракување.

Креиран за да им служи на корисниците кои имаат динамично секојдневие, Galaxy J6 овозможува отклучување на уредот со помош на скенерот за отпечаток, без претходно “будење“ на уредот, а истовремено, овој паметен телефон поседува батерија со капацитет од 3.000 mAh, овозможувајќи непрекината работа во текот на целиот ден. Galaxy J6 има моќен осум-јадрен процесор од 1.6 GHz, со чија помош се овозможува извршување на покомплицирани задачи, како што е прикажување на видео запис во висока резолуција, а за дополнителна флексибилност овој паметен телефон поседува три гигабајти работна меморија, 32 гигабајти интерна меморија, како и влез за microSD картичка.

Адаптивната камера на Галакси Ј6 уредот им овозможува на корисниците креирање на совршени фотографии со без разлика на тоа каде корисникот се наоѓа или што прави. Уредот има 13 мегапиксели задна и 8 мегапиксели предна камера и интегрира моќен „селфи“ фокус во реално време и преден LED блиц, допринесувајќи им на корисниците да креираат јасни и елегантни “селфи“ фотографии и преку ден и навечер, без разлика на осветлувањето. Покрај тоа, корисниците може да додадат интересни “АR“ налепници, за уникатно збогатување на фотографиите и истите да ги споделат со своите пријатели и семејство во истиот миг.

„Samsung Galaxy J6 се темели на наследниот дизајн на екранот на Samsung, со фантастичен Super AMOLED бесконечен екран кој овозможува навистина убедливо доживување при гледањето содржини.“ – изјави г-дин Марјан Блажевски, Раководител за Продажба во Одделот за Телекомуникации во Регионалното представништво на Компанијата Samsung, притоа додавајќи: „Новиот Galaxy J6 ќе биде достапен во Македонија во почетокот на јули, а корисниците ќе може да го одберат својот модел во црна, златна или боја на лаванда.“