Samsung ја најави промоцијата на новиот Galaxy S9 за само неколку недели, односно за 25 февруари, кога тој ќе биде претставен пред публиката на Светскиот мобилен конгрес во Барселона

Новите фотографии кои Еван Блас ги објави на неговиот Twitter профил ни даваат досега најдобар приказ за изгледот на новиот смартфон на Samsung. Заедно со новата виолетова боја која ќе биде достапна за новиот Galaxy S9, фотографиите ни даваат добар поглед на скенерот за отисоци од прст, кој сега се наоѓа под сензорот за камерата.

https://twitter.com/evleaks/status/960572779534962690?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fnoviot-samsung-galaxy-s9-doagja-so-atraktiven-redizajn

Исто така, забележителна е измената која ќе има новиот, поголем Galaxy S9 Plus, каде двете камери се поставени една врз друга наместо една до друга како што беше случајот досега, со што дизајнот потсетува на iPhone X. Samsung најави дека новите уреди ќе имаат и подобри камери од своите претходници, но ќе треба да почекаме до официјалната промоција за да се увериме точно за што се работи.

Според Еван Блас, новиот S9 ќе има четири бои: Полноќна црна, Лилак Виолетова, Титаниум сива и Корал сина, иако уште не е познато дали сите бои ќе бидат достапни во сите делови од светот.