За прв пат по повеќе од два месеца цената на биткоинот падна под клучното ниво на поддршка од 9.000 долари, кое многумина аналитичари го следат.

Падот дојде по појавата на информации што предизвика стравувања во врска со зајакнувањето на регулациите во Индија и потенцијалната манипулација во цената на голема берза. Дигиталната валута поевтини со близу 15% за последните 24 часа, до 8.680 долари утринава.

Падот дојде по коментар на министерот за финансии на Индија, Арун Џеитли кој предизвика стравувања во врска со зајакнувањето на регулациите во однос криптовалутите во земјата.

Претходно во текот на неделата „New York Times“ објави дека се повеќе инвеститори во дигитални валути стравуваат дека цените на биткоинот и на другите валути се надуени вештачки на берзата „Bitfinex“, која е вклучена во цената индекс на „CoinDesk“.